Дома Фудбал Скај: Баерн го најде наследникот на Томас Тухел

Скај: Баерн го најде наследникот на Томас Тухел

Иако се уште е во игра за ЛШ, ова е една од најслабите сезони во последните години зад Баерн.

Уште на стартот беа елиминирани во Купот, а титулата им ја одзеде Баер Леверкузен по 11 години владеење во Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без разлика како ќе заврши настапот на Баварците во Лигата на шампионите, Томас Тухел заминува на крајот од сезоната, а раководството на Баерн мора да најде нов тренер.

Чаби Алонсо јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Леверкузен, приказната за Зинедин Зидан веројатно никогаш не била сериозна, но германскиот Скај носи сензационална вест.

Станува збор за потенцијалното враќање на Јулијан Нагелсман по само една година на клупата на баварскиот гигант.

Скај веќе ексклузивно објави дека Нагелсман е еден од главните претенденти за германскиот шампион по одбивањето на Чаби Алонсо, а во меѓувреме разговорите меѓу двете страни се интензивираа и напредуваа. Скај пишува дека Нагелсман нема ништо против да се врати, а договорот би требало да биде на три или четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…