Џудистот од Србија Немања Мајдов во текот на вчерашниот ден објави дека се соочил со суспензија од пет месеци бидејќи ги прекршил верските кодески во Париз.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Суспензијата Мајдов ја заработил затоа што се прекрстил пред да ја започне борбата и тоа било доволно за суспензија.
„Добив решение дека сум суспендиран на пет месеци од Светската џудо Федерација за прекршување на нивните религиозни кодекси. Поточно, казната е затоа што сум се прекрстил при влез на борбата на Олимписките игри. Во споменатиот период нема да можам да учествувам на турнири, кампови и подговки. Во мојот одговор не сакав да се извинвуам за прекрстувањето. Господ ми даде се за мојата кариера и лично за мене, тој е број 1 за мене и горд сум на тоа. Нема да има промени без разлика какви се околностите“, објави српскиот Олимпиец.
Инаку, Мајдов е екс-европски и светски шампион во категоријата до 90 килограми.