Драган Росиќ беше единствениот фудбалер од српската Суперлига кој доби место на последниот список на селектор Драган Стојковиќ-Пикси, а сега се најде во центарот на вниманието поради скандал.
Имено, голманот на Раднички бил уапсен поради крвава тепачка во ноќен клуб. Според информациите на српските медиуми, Росиќ во ноќен клуб во Ниш претепал момче и му нанел тешки телесни повреди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш по пријавата, голманот бил уапсен. Тој не бил единствениот кој го тепал момчето, меѓутоа бил предводник во тепачката, објави „Телеграф“. Поради повредите момчето завршило во болница, додека репрезентативецот бил задржан во притвор.