Дома Фудбал Останато Скандал поради ковид-тестови: Галатасарај слета во Грција, па експресно се врати назад!

Скандал поради ковид-тестови: Галатасарај слета во Грција, па експресно се врати назад!

Тимот на Галатасарај вчера отпатува во Атина каде што требаше да игра натпревар од пријателски карактер против Олимпијакос. Сепак, турскиот гигант се врати во Истанбул само два часа откако слета.

Како што информираат од Галатасарај причина за тоа е односот кој го имале цариниците. На целата експедиција не биле признаени ПЦР тестовите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Откако ги почитувавме сите правила за ПЦР тест во последните 72 часа или брз антигенски тест во последните 48 часа поминаа неколку лица од нашата група, а подоцна еден од грчките цариници ни кажа дека не ги прифаќа нашите тестови и ќе мора одново да се тестираме без разлика што помеѓу Турција и Грција има протокол за признавање на тестовите“, соопштија од клубот.

После чекањето од два часа експедицијата на Галатасарај се вратила назад во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…