Дома Фудбал Италија Скандал на Апенините: Уапсен претседателот на Сампдорија!

Скандал на Апенините: Уапсен претседателот на Сампдорија!

Претседателот на фудбалскиот клуб Сампдорија, Масимо Фереро беше уапсен под сомнение за проневера и перење пари, пренесуваат медиумите на Апенините.

Меѓу сомнителните трансакции е и трансферот на Педро Обијанг кој во 2015 година премина од Сампдорија во Вест Хем за непозната сума на пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој трансфер го истражуваат органите бидејќи сметаат дека од сметката на клубот исчезнале 1.2 милиони евра. Неправилности се посочени само кај италијанскиот клуб, додека кај Англичаните се е во ред.

Еден од шестмината кои се обвинети за криминални трансакции е и Фереро. Тој преку лажни документи успеал да префрли пари во посебна компанија чии е тој сопственик.

Властите се сомневаат дека од касата на клубот се извадени 2,6 милиони евра преку фалцификувани документи и со кои Фереро успеа да купи имот во Фиренца.
https://youtu.be/qZktZEoZUTc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо блиску да влезе во одбрано друштво: Ова во 21. век им успеало само на уште двајца тренери

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо водејќи го Баер Леверкузен неодамна ја обезбеди титулата во …