Дома Фудбал Скандал во Шпанија: Полицијата влезе во Фудбалскиот сојуз

Скандал во Шпанија: Полицијата влезе во Фудбалскиот сојуз

Голем скандал го тресе шпанскиот фудбал, откако денес полицијата упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, во врска со наводни проневери во последните пет години.

Акцијата е дел дел од истрагата за корупција и перење пари поради сомневања за договорот на Асоцијацијата со Саудиска Арабија за домаќин на Суперкупот во оваа земја од Блискиот Исток, а имало и апсења.

Шпанското обвинителство соопшти дека во потрага по документи се претресени вкупно 11 простории и дека очекува операцијата да заврши со апсење на седум лица и идентификација на уште пет лица под истрага.

Неофицијално се проверуваат договори за кои постои сомнеж дека преку нив се перат пари, а еден таков е овој помеѓу Фудбалскиот сојуз и компанијата „Космос“, според кој шпанскиот Супер куп се игра во Саудиска Арабија, а Шпанците за тоа инкасираат по 40 милиони евра годишно. Компанија „Космос“ е во сопственост на поранешниот фудбалер на Барселона, Жарарт Пике.

Една од адресите што се претресува е куќата на Луис Рубиалес во Гранада, кој моментално е надвор од Шпанија.

Да потсетиме, Рубиалес поднесе оставка од функцијата прв човек на шпанската фудбалска асоцијација, откако предизвика скандал и ја бакна во уста репрезентативката на доделувањето на пехарот, Џени Хермосо, откако ја освои титулата светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед, Ливерпул и Челси го следат Браун – Фенербахче бара 30 милиони евра

Англискиот лев бек привлече внимание со настапите за Фенербахче, а меѓу заинтересираните е…