Дома Македонски спорт Скандал во македонскиот женски фудбал: Репрезентативката Талевска изнесена на носилки по закани од претседателот на ЖФК Деспина?

Скандал во македонскиот женски фудбал: Репрезентативката Талевска изнесена на носилки по закани од претседателот на ЖФК Деспина?

Женскиот фудбал во Македонија е на ниско ниво, а сега ни доаѓа вест за нов скандал поврзан со македонската репрезентативка, Мила Талевска која настапува за ЖФК Каменица.

Имено, како што вели тааа во својата изјава претседателот на ЖФК Деспина и се заканил пред три месеци во пријателски натпревар дека ќе биде изнесена на носилки во нивниот следен натпревар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според нејзината изјава токму и тоа се случило во натпреварот од купот одигран пред три дена.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Талевска.

„Се започна во зимските припреми кога одигравме пријателски натпревар со ЖФК Деспина во Прилеп. Натпреварот беше далеку од фер и пријателски, а за тоа се погрижија домашните фудбалерки кои беа доста груби. Во текот на целата утакмица имаше остри стартови и провокации. После завршувањето на утакмицата нивниот претседател се поздрави со мене и упати закана дека на првенствената утакмица ќе бидам изнесена на носилки.

Тоа не го сфатив толку сериозно се додека не дојде таа првенствена утакмица. На секој мој контакт со топката имаше удар на мене и делуваше како да сакаат да ме повредат. Судиите ја дозволија таа груба игра од нивна страна, но не и од наша, секој наш прекршок беше санкциониран. После еден намерен старт од противничка фудбалерка ми беше скршен зглобот, а нивните коментари беа дека јас сама се лизнав и дека не ми е ништо.

Најжално од се е што кога излегов од игра нивниот претседател, тој истиот што ми се закануваше, стоеше до мене насмеан и среќен дека сум повредена и иронично ми рече дека сама сум се сопнала и не ми е ништо. После мојата повреда нивниот тренер ги храбреше со тоа да влезат уште појако и повќе да удираат. Поради таа повреда ја пропуштив вчерашната утакмица од купот на Македонија, токму против ЖФК Деспина, но понесена од емоциите и револтот кој го имав не внимавав на зборовите додека ја бодрев мојата екипа. Истиот тој тренер што е најзаслужен за мојата скршеница, после вчерашната утакмица изрази незадоволство од мојот речник и ми препорача да си го преиспитам мојот однос. Најверојатно не му се допадна некој да му возврати на негов начин, но за жал не можев да бидам таа добрата и на овој начин сакав да се запраша малце за неговите постапки“, изјави Талевска по натпреварот за „Без Пардон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…