Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал во ЛШ: Играч на ПСЖ не доби виза и нема да игра против Арсенал!

Скандал во ЛШ: Играч на ПСЖ не доби виза и нема да игра против Арсенал!

Британските власти одбија да му дадат виза на дефанзивецот на Пари Сент Жермен, Серж Орие, па бидејќи не може да ја помине границата нема да игра на утрешниот меч со Арсенал.

На 23-годишниот фудбалер од Брегот на слоновата коска не му беше одобрена виза за влез во Англија поради пресудата и казната која му беше изречена во септември за напад на полицаец.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Изненадната одлука на британските власти да не му дадат виза на Орие влијаеше на тоа фудбалерот да не отпатува за Лондон на натпеварот против Арсенал. Изненадени сме од оваа одлука која ќе му нанесе штета на интегритетот на Лигата на шампиони“, стои во соопштението на ПСЖ.

„Светците“ тврдат дека првично британските власти му дале виза на Орие, но потоа истата била поништена. Францускиот клуб е лут бидејќи за тоа бил известен само 14 часа пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…