Дома Фудбал Италија СКАНДАЛ во Италија – Вработена открива шокатни детали: Тавекио ме допираше по градите!

СКАНДАЛ во Италија – Вработена открива шокатни детали: Тавекио ме допираше по градите!

tavekio

Само 24 часа откако си поднесе оставка од должноста претседател на Италијанскиот фудбалски сојуз, кон Карло Тавекио беа испратени сериозни обвинување.

Поранешна вработена во италијанскиот сојуз за весникот „Кориере Дело Спорт“ го обвини Тавекио за сексуално вознемирување и за тоа тврди дека има и докази.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таа откри дека сексуално била вознемирувана цели три години, по што дала отказ и го напуштила Сојузот.

„Со години наназад трпев секусално и психичко злоупотребување, но бев преплашена и затоа молчев. Меѓутоа тврдењата на холивудските актерки за сексуално злоупотребување ме охрабрија јавно да зборувам за ова. Дојде времето и во Италија да се разговара на оваа тема“, изјави Мери.

Потоа таа опиша еден од состаноците во неговата канцеларија во Рим.

„Изгледаш добро, гледам дека имаш активен спортски живот. Дојди да ти ги допрам градите. Сами сме никој нема да знае“, зборувал поранешниот претседател ФИГЦ. „Бев навистина збунета и ми беше срам“, открива Мери, која потоа истакна дека видео снимките ги предала на својот адвокат.

Тавекио во понеделникот си поднесе оставка под притисок откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…