Дома Фудбал Останато Скандал во Грција: Олимпијакос може во втора лига за наместен натпревар – сомнителни ли ви се головите? (ВИДЕО)

Скандал во Грција: Олимпијакос може во втора лига за наместен натпревар – сомнителни ли ви се головите? (ВИДЕО)

Aфера поврзана со местење натпревари ја тресе Грција, а во главна улога се Олимпијакос и Атромитос.

Овие два клуба се обвинети дека наместиле натпревар одигран во 2015 година и сега им се заканува исфрлање во понизок ранг на натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во прашање е нивни меѓусебен натпревар кој беше одигран во 2015 година, а Олимпијакос славеше победа од 2:1. Така овие два клуба се најдоа на голем удар и им се заканува исфрлување, додека нивните сопственици и уште некои луѓе во клубовите би можеле да добијат сериозни санкции.

Наводно е во местењето учествувале 15 лица, меѓу кои и тогашниот тренер на Атромитос, Португалецот Рикардо Са Пинто, како и уште некои важни луѓе.

Покрај исфрлувањето во понизок ранг се споменува и казна од три милиони евра за клубовите, додека играчите кои учествувале би можеле да добијат забрана за играње фудбал до крајот на животот.

ГОЛОВИТЕ ОД ТОЈ НАТПРЕВАР

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…