Иако беше време за славење поради ремито против Мексико и пласманот во нокаут фазата на Копа Америка, фудбалерите на Еквадор за малку избегнаа поголем инцидент на крајот од натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, за време на прославата, камерата ги сними Каиседо и Карлос Груезо како се удираат еден во друг и влегуваат во конфликт – иако никому не му е јасно што се случило.
Груезо во еден момент му пришол на Каиседо и му дофрлил нешто, тој тргнал кон него, но останатите соиграчи спречиле поголем инцидент. Потоа, двајцата фудбалери се повикаа да се сретнат надвор од теренот и физички да го решат проблемот кој настана.
Каиседо, инаку, беше прогласен за играч на натпреварот – негов втор во групната фаза – а Еквадор одигра нерешено 0-0 и имаше голема среќа кога ВАР го поништи пеналот за Мексико во 99. минута.
Cruce entre Carlos Gruezo y Moisés Caicedo, ojalá lo solucionen en el camerino como debe de ser. pic.twitter.com/PLMTiSrBQa
— Andrés Illingworth (@aillingworth96) July 1, 2024