Дома Фудбал Останато Скандалозни обвинувања од Сеп Блатер: Платини беше поткупен со милијардите од Катар

Скандалозни обвинувања од Сеп Блатер: Платини беше поткупен со милијардите од Катар

Поранешниот претседател на ФИФА во автобиографијата изнесе скандалозни обвинувања околу доделувањето на домаќинството за Светското првенство во 2022, како и тоа завршило во рацете на првите луѓе на ПСЖ.

Сеп Блатер не мирува во пензионерскиот живот, каде и да се појави предизвикува големо внимание.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До сега сепак, посериозно не се појавуваше во јавноста, но изгледа дека чекаше да излезе неговата автобиографија.

Според него за домаќинството на Катар најголеми виновници се Французите, пред се Мишел Платини кој му овозможил на Катар да го организира Светското првенство.

Во книгата која ја нарече „Мојата вистина“ поранешниот спортски работник тврди дека при изборот за домаќинство на Мундијалот во 2022 година, политичкиот притисок бил огромен и дека пред се доаѓал од француската страна.

„Извештајот од комисијата која го посети Катар не се читаше пред извршниот одбор на ФИФА, бидејќи сите знаеа дека е негативен! Доколку е прочитан и усвоен, Муднијалот никогаш не би завршил во Катар. Катар во тое време влезе со милијарди евра во Франција при договорите за купување на авиони, а се појавија и во Пари Сен Жермен“.

„Сите членови на ИО одлучија однпаред, па така никого извештајот не го интересираше. Тоа беше судир на реалоста и политичкиот притисок од страна на Платини“, откри Блатер кој во 2015 година си поднесе оставка откако беше обвинет дека илегално префрлил два милиони швајцарски франци на сметката на Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал ја прослави титулата, Анчелоти направи шоу🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид ја прославија шампионска…