Дома Фудбал Скандалозна изјава: Најпрво на пиедесталот го стави Меси, а потоа се покаја, па кажа дека се работи за шега (ФОТО)

Скандалозна изјава: Најпрво на пиедесталот го стави Меси, а потоа се покаја, па кажа дека се работи за шега (ФОТО)

Ривалството помеѓу Роналдо и Лео Меси веројатно е најголемото во историјата на фудбалот и често се пишува и зборува за тоа кој од нив е подобар.

Мислењата се различни. Некои го фаворизираат Роналдо, други Меси, но изборот е исклучително тежок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот играч за врска на тимот на Мадрид, Федерико Валверде кој моментално е на позајмица во Депортиво смета дека Меси е подобар фудбалер.

Сепак, брзо потоа се покаја поради изјавата и тврди дека сето тоа е шега.

„Тоа беше недозрабирање. Се шегував бидејќи сите знаат дека сум од Мадрид и дека секогаш би се обложувал на Кристијано, бидејќи тој е најдобар фудбалер на светот. Тоа го покажува од ден во ден, од натпревар во натпревар. Сакав тоа да го разјаснам и сигурно не би потпишал за Реал, ако чувствував било какви емоции кон Меси и Барселона. Роналдо и Меси се најдобрите на светот, но мојот избор е Роналдо“, истакна Валверде.

Младиот фудбалер оваа сезона одигра 20 натпревари за Депортиво, а налето ќе се врати во редовите на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…