Дома Останати Тенис Си признаа и Шпанците: „Марка“ објасни зошто Ѓоковиќ е најголем на сите времиња

Си признаа и Шпанците: „Марка“ објасни зошто Ѓоковиќ е најголем на сите времиња

Шпанците понекогаш се пристрани поради Рафаел Надал, но сега еден од најголемите шпански весници, „Марка“ го нарече Ѓоковиќ најголемиот на сите времиња.

Според „Марка“ со освоената 24. грен-слем титула за Ѓоковиќ, дебатата за тоа кој е најголемиот на сите времиња е завршена. Ѓоковиќ сега има два трофеи повеќе од Надал и четири од Федерер, па затоа признание оддават и Шпанците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текстот на „Марка“ се наведуваат повеќе причини поради кои Ѓоковиќ е на пиедесталот. Првата е најголемиот број на грен-слем титули, а таа бројка во наредните година-два според формата на Новак може и да се зголемува.

Потоа тука се бројот на недели на чело на АТП. Ѓоковиќ ја започна 390. недела, додека во март 2021 година го престигна Федерер кој помина 310 недели на првото место.

Се потсетува и на 2015 година кога Ѓоковиќ ја заврши годината со рекордни 16.785 поени. Во таа 2015 година Новак освои три грен-слем титули и дури седум Мастерси од серијата 1000 како и авршниот Мастерс.

Ѓоковиќ е и единствениот тенисер кој ги има освоено сите девет Мастерси од серијата 1000.

Се додава и дека Ѓоковиќ е подобар во меѓусебните дуели со најголемите ривали, против Надал има скор 30:29, а против Федерер 27:23. Ѓоковиќ победи на 1076 од 1287 натпревари, процент на успешност од 83,6 отсто. Надал е на 82,9 отсто, со 1068 победи во 1288 натпревари.

Кога станува збор за бројот на титули, Ѓоковиќ е најуспешен меѓу активните тенисери со 96 од нив.

Надал има 92. Само Федерер со 102 и Џими Конорс со 109 се пред шампионот на Ју-ес опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …