Дома Македонски спорт Ситуацијата се променила: Спортинг му соопштил на Ристовски да си бара нов клуб?

Ситуацијата се променила: Спортинг му соопштил на Ристовски да си бара нов клуб?

Пред неколку дена во медиумите се појавија информации дека германски Волфсбург покажал интерес за заменик капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, а сега медиумите во Португалија тврдат дека Ристовски добил порака дека може да бара нов клуб.

Познатиот португалски медиум „А Бола“ пишува дека на Ристовски му биле дадени инструкции дека може да бара нова средина и да размислува за трансфер затоа што наводно тренерот Рубен Аморим ќе побара други решенија на десната бековска позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според она што се пишува Спортинг ќе го пушти Ристовски за оштета од четири милиони евра, Волфсбург пртходни нудел три милиони евра за трансфер.

Пред кризата со коронавирусот се најавуваше дека Ристовски е пред потпис на нов договор меѓутоа тогаш до потпис не дојде, а работите сега се променети и можно е Ристовски да го гледаме во друг клуб.

Покрај Спортинг Ристовски претходно настапуваше во Италија во Кротоне, Бари и Фросиноне од каде направи трансфер во Ријека каде што стана миленик на навивачите и беше дел од генерацијата која освои тројна круна во 2017 година. Потоа следуваше преселбата во Португалија, додека кариерата ја започна во Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…