Дома Фудбал Останато Ситуацијата во Топ првенствата: Бундеслигата е спремна за старт, Ла Лига размислува за датум, Лига 1 во целосен хаос!

Ситуацијата во Топ првенствата: Бундеслигата е спремна за старт, Ла Лига размислува за датум, Лига 1 во целосен хаос!

Овие денови во сите држави почнаа серозно да се разговара за тоа кога ќе продолжат фудбалските првенства, иако се уште не е јасно кога ќе се стави крај на пандемијата со коронавирусот.

Поради тоа еминентната „Газета дело Спорт“ излезе со извештај за тоа каква е ситуацијата во Топ 5 првенствата во Европа, како и Лигата на шампиони и Лига Европа.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Серија А

Лигата и Федерацијата работат на три можни датуми на кои би можело да продолжи првенството. Најоптимистичниот датум е викендот на 23/24 мај, потоа се разгледува опција за 30/31 мај, а најпесимистично сценарио е 6/7 јуни. Најверојатно на почетоко на мај сите клубови ќе се вратат на редовните тренинзи.

Премиер лигата

Во Англија епидемијата почна да се шири неколку недели после Италија, но со брзо темпо и логично е Премиер лигата да продолжи после Калчото. Се уште нема шпекулации за точниот датум. Најпрво се сметаше дека првенството може да продолжи на 3-ти мај, но тоа е невозможно, па се зборува дека фудбалот на Островот ќе се врати во јуни.

Примера

Шпанија е како Италија – двете држави се најсилно погодени во Европа. Меѓутоа и во Ла Лига веќе се подготвуваат за рестартирање на првенството и имаат три датуми. Се разгледуваат 28-ми мај, 6-ти јуни и 28-ми јуни. Тренинзите треба да продолжат на почетокот на мај, а 72 часа претходно играчите ќе треба да се подлоѓат на тест за коронавирус.

Бундеслига

Германија може да биде првата држава од Топ 5 каде ќе се продолжи со играње фудбал. Најверојатен датум за тоа е 9-ти мај, но од Фудбалскиот сојуз не ја исклучуваат можноста првенството да рестартира на 2-ри мај. Во меѓувреме сите тимови веќе се вратија на редовните тренинзи.

Лига 1

Во Франција владее тотален хаос околу можните датуми за продолжување на првенството. Во моментов се уште нема на повидок никаков датум, но од Федерацијата соопштија дека планираат првенството да заврши до 15-ти јули. Овај рок најверојатно ќе биде преместен, бидејќи клубовите се очекува да се вратат на тренинзите дури  на средината на мај.

Европските натпреварувања

УЕФА и Асоцијацијата на европски клубови веќе ги известија Федерациите и клубовите дека Лигата на шампиони и Лига Европа ќе може да се доигра во јули и август, откако ќе завршат националните првенства. Финалето во ЛШ би можело да се игра на 3-ти август или најдоцна на 15-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе откри за кој клуб отсекогаш навивал: Би можел да заиграм таму

Килијан Мбапе станува слободен агент на 30 јуни. Светските медиуми веќе подолго време пишу…