Дома Фудбал Англија Ситуацијата во Премиер лигата: 748 тестирања, 6 заразени

Ситуацијата во Премиер лигата: 748 тестирања, 6 заразени

Од англиската Премиер лига соопштија дека во изминатите два дена биле направени тестирања на сите играчи и членови на сите 20 клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Премиер лигата денес може да потврди дека во неделата и понеделникот на Ковид-19 се тестирани 748 играчи и членови на клубовите“, соопштено е на официјалната страна.

Шест лица од вкупно три клуба биле позитивни, но засега не е познато за кого се работи и дали станува збор за фудбалери.

„Премиер лигата нема да објавува посебни детали за клубови или поединци поради законските и оперативните зафати“, се наведува на сајтот на англиското првенство.

Инаку на клубовите во Премиер лигата од денес им е дозволено да се вратат во групни тренинзи. Ќе се работи во помали групи со социјална дистанца и без физички контакт.

Тоа е прв чекор кон продолжувањето на натпреварувањето кое се прекина на 13. март поради пандемијата на коронавирусот. Очекувањата се Премиер лигата да продолжи на средината на јуни, меѓутоа засега нема официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …