Дома Фудбал Англија Сити ја позлатува својата ѕвезда: Де Брујн добива БОГАТСТВО

Сити ја позлатува својата ѕвезда: Де Брујн добива БОГАТСТВО

Кевин де Брујн блеска оваа сезона, па раководството од Манчестер Сити реши да го награди со ноб, многу побогат договор.

Белгиецот се согласил да потпише нов договор и да ја продолжи верноста кон „граѓаните“ до 2024 година, а за возврат ќе добие многу подобри финансиски услови.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Де Брујн оваа сезона е најдобар фудбалер на Манчестер Сити, а заработува „скромни“ 115.000 фунти неделно, што во превод значи дека годишно добива 6,8 милиони евра.

Белгиецот во споредба со ѕвездите на Пари Сент Жермен заработува „смешна“ сума. Нејмар во Париз годишно добива 30 милиони евра плус бонуси, а Мбапе 18 милиони.

Де Брујн сепак нема да биде толку платен. Англиските медиуми пренесуваат дека според новиот договор ќе заработува 210.000 фунти неделно, или 12,5 милиони по сезона.

„Среќен сум тука и луѓето во клубот го знаат тоа. Немам намера да одам на друго место. Уживам во проектот кој го имаме тука и во фудбалот кој го играме“, рече Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…