Дома Топ вести Сити спреми 200 милиони за Меси!

Сити спреми 200 милиони за Меси!

Англискиот весник „Мирор“ тврди дека главна трансфер цел на Манчестер Сити е Лионел Меси и нема да жали пари да го донесе Аргентинецот на „Етихад“ следното лето.

Според весникот раководството на „граѓаните“ е подготвено да плати 230 милиони евра за Аргентинецот и да му предложи плата од 500.000 фунти неделно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола, кој веќе работеше со Меси кога беше на чело на Каталонците, веќе добил уверување дека ќе добие толку пари за трансфери, колку му е потребно за создавање на тим кој ќе доминира во Англија и Лигата на Шампионите.

Меси има договор со Барселона до летото 2018 година, но го одложи неговото продолжување, иако клубот инсистираше тоа да се случи пред Нова година.

Некои мадридски изданија веќе соопштија дека Меси нема намера да потпише нов договор и ќе го напушти шпанскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …