Хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Сити на лето.
Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пеп Гвардиола го посочил Хрватот како примарна трансфер цел и Сити нема да жали пари да го донесе на „Етихад“.
Се очекува на лето Емерик Лапорт да го напушти клубот, а Гвардиол е одреден како негова замена.
„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда која не се одбива и која со бонуси може да достигне до 100 милиони евра.