Манчестер Сити вчера ја продолжи доминацијата на Островот. Имено, Граѓаните после пеналите беше подобар од Челси и го освои Лига купот.
Публиката можеше да види интересен натпревар, но без многу возбудувања. На крајот вистинска лудница која ја одбележи голманот на Челси, Кепа, кој одби да излезе од игра пред пеналите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голманот на Челси одлично бранеше на натпреварот, но тренерот Сари одлучи да го внесе во игра специјалистот за пенали Кабалеро. Сепак, се случи несекојдневна ситуација кога шпанскиот голман одби да излезе, а Сари збесна.
Сити славеше после пеналите, но Пеп Гвардиола нема причина за славје. Се чини дека овој трофеј е скапо платен, со оглед на повредите кои ги заработија Лапорте во 46. минута и Фернандињо во 91.
Првичните информации се дека се работи за поврда на мускулите, и овој двоец ќе ги пропуштат следните неколку натпревари на тимот.
Веќе за три дена Сити на својот Етихад го пречекува Вест Хем.