Дома Фудбал Англија Сити се потсети на спектакуларниот настап на Џеко и тоа се „поклопи“ со – дебаклот на Јунајтед! (видео)

Сити се потсети на спектакуларниот настап на Џеко и тоа се „поклопи“ со – дебаклот на Јунајтед! (видео)

dzeko

Босанскиот напаѓач кој денес е член на Рома, Един Џеко за четири ипол години поминати во Манчестер Сити освои две шампионски титули, одигра 189 натпревари и постигна 72 погодоци и тоа се доволни бројки за да не биде заборавен.

Меѓутоа она што го направи на денешен ден во 2011 година на некој начин влезе во аналите бидејќи не се случувач есто некој играч да постигне четири гола на еден натпревар и тоа против силен противник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токму тоа му успеа на Џеко кој на 28 август 2011 година го разби Тотенхем на „Вајт Харт Лејн“. Сити во тој натпревар победи со резултат 5:1, а Џеко постигнуваше погодоци во 34, 41, 55 и 90 минута. За Спарсите единствен стрелец беше Кабул во 68 минута, додека останатиот гол за Сити беше дело на Агуеро во 60 минута.

По тој повод на официјалната страница на Манчестер Сити денес се појави видео снимка од погодоците од овој натпревар. Сето ова се „поклопи“ и може да се сфати и како проокација кон градскиот ривал кој токму од Тотенхем вчера на домашен терен беше поразен со 0:3.

OTD | Spurs v City 2011

Edin Dzeko was unstoppable that day! ?

Gepostet von Manchester City am Dienstag, 28. August 2018

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…