Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.
Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.
20-годишниот Германец импресионира со настапите во Бундеслигата, па сигурно на лето ќе биде ѕвезда на преодниот рок.
Меѓутоа, Леверлузен нема да слуша понуди пониски од 100 милиони евра за неговиот потпис.