Дома Фудбал Англија Сити потрошил една милијарда за градење на тимот, Баерн три пати помалку

Сити потрошил една милијарда за градење на тимот, Баерн три пати помалку

Англискиот гигант Манчестер Сити потрошил повеќе од 1 милијарда евра за изградба на актуелниот тим.

Меѓународниот центар за фудбалска статистика направи анализа на клубовите од Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Граѓаните“ потрошиле 1.036 милијарди евра за актуелниот тим, а веднаш после нов следи ПСЖ, кој за изградба на тимот потрошил 888 милиони евра, на третото место е Манчестер Јунајтед со 844 милиони евра.

Интересно е што европскиот шампион Баерн Минхен е дури на 15-то место со потрошени „само“ 408 милиони евра.

Најефтин тим во Европа има Арминија Биефилд, германскиот клуб потрошил само 10 милиони евра.

1. Манчестер Сити (Англија) – 1,036 милијарди евра

2. Пари Сен Жермен (Франција) – 888 милиони евра

3. Манчестер Јунајтед (Англија) – 844

4. Барселона (Шпанија) – 826

5. Челзи (Англија) – 763

6. Реал Мадрид (Шпанија) – 708

7. Ливерпул (Англија) – 666

8. Јувентус (Италија) – 594

9. Арсенал (Англија) – 590

10. Евертон (Англија) – 504

11. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 483

12. Тотенхем (Англија) – 479

13. Наполи (Италија) – 467

14. Интер  (Италија) – 439

15. Баерн Минхен (Германија) – 408

16. Лестер Сити (Англија) – 370

17. Монако (Франција) – 358

18. Борусија Дортмунд (Германија) – 311

19 Рома (Италија) – 303

20. Вулверхемптон (Англија) – 293

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…