Дома Топ вести Сити потврди: Бонучи сакаше трансфер, Јуве не го пушти!

Сити потврди: Бонучи сакаше трансфер, Јуве не го пушти!

Леонардо Бонучи беше една од главните трансфер мети на Пеп Гвардиола ова лето, но Јувентус ги одби сите понуди на „граѓаните“.

Медиумите пренесоа дека Сити понудил 55 милиони евра за неговиот потпис, а денес генералниот директор на „граѓаните“ потврди дека Бонучи сакал да се пресели на „Етихад“, но Јувентус го стопирал трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу фудбалери сакаат да дојдат во Сити и да бидат тренерани од Гвардиола. Меѓу нив е и Бонучи кој ова лето ни потврди дека сака да се пресели кај нас. Ние разговаравме со Јуве и испративме понуда, но ни кажаа дека не сакаат да го продадат“, изјави директорот на „граѓаните“, Феран Сориано.

Сориано притоа потврди дека Манчестер Сити не остварил контакт за ниту еден играч на Барселона иако медиумите шпекулираа со имињата на Нејмар, Суарез, Иниеста и Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…