Maнчестер Сити му понудил нов договор на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез по одличните настапи на Светското првенство во Катар каде што ја освои титулата со Аргентина.
Алаварез од последниот натпревар во групата беше стартер на секој натпревар до крајот на Мундијалот и постигна четири гола со што беше еден од клучните играчи на „гаучосите“’.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година и во досегашната сезона во клубот одигра 23 натпревари и постигна осум голови иако е втора опција на Халанд.
Актуелниот договор Аргентинецот го врзува за Сити до летото 2027 година, но Гвардиола одлучил да биде продолжен со што напаѓачот ќе добие и покачување.