Дома Фудбал Сити денеска претставува сензационален дриблер од хитот во Ла Лига

Сити денеска претставува сензационален дриблер од хитот во Ла Лига

САВИО МОРЕИРА (20) денеска ќе биде претставен како играч на Манчестер Сити, објави Фабрицио Романо.

Станува збор за бразилски офанзивец кој е под договор со француска Троја, со тоа што сезоната 2023/2024 г. помина на позајмица во Џирона, шпанската сензација која заврши на третото место во Ла Лига.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Договорот беше постигнат во февруари, а сега на Пеп Гвардиола е да одлучи дали да го задржи одличниот дриблер или да го испрати на нова позајмица.

Не се знае колкава ќе биде отштетата бидејќи под ист сопственик се Манчестер Сити, Џирона и Троја. За потсетување, Џирона стана дел од Сити фудбалската групација во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една група да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал. Оттогаш, сопствениците на Сити финансиски и кадровски го поддржуваат овој шпански клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …