Дома Фудбал Англија Сити го разби Брајтон, два нови гола на Абрахам не беа доволни за победа на Челзи (ВИДЕО)

Сити го разби Брајтон, два нови гола на Абрахам не беа доволни за победа на Челзи (ВИДЕО)

Кикс на Челзи, убедлива победа на Манчестер Сити…

Денес во терминот од 16:00 часот во Премиер лигата помеѓу другите својот натпревар го одигра и Челзи, а за противник „сините“ го имаа тимот на Шефилд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челзи одлично започна и се изгледаше дека Лампард ќе стигне до победа. Абрахам кој ја продолжи одличната форма постигна голови во 19-тата и 43-тата минута за предност на Челзи од 2:0 на полувремето.

На самиот старт од вториот дел Шефилд преку Робинсон намалува на 1:2. Негатива од еден гол на Шефилд беше актуелна се до финишот од натпреварот кога Курт Зума си постигна автогол за конечни 2:2. Челзи после четири одиграни кола сега има учинок од една победа, две нерешени и еден пораз, исто како и Шефилд.

Манчестер Сити без поголеми проблеми го совлада Брајтон со убедливи 4:0.

После само 70 секунди игра мрежата на Брајтон ја погоди Кевин Де Брјн. Агуеро се запиша во листата на стрелци на три минути пред крајот на првиот дел. Со својот втор гол Агуеро во 55-та минута донесе високи 3:0. Конечните 4:0 ги постави Бернандо Силва на десетина минути пред крајот од натпреварот после само една минута од кога влезе во игра.

Останати резултати:

Вест Хем – Норвич 2:0

Њукасл – Вотфорд 1:1

Лестер – Бурнемоут 3:1

Кристал Палас – Астон Вила 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…