Дома Фудбал Сити го претстави Едерсон: Сонував да играм во Премиер лигата!

Сити го претстави Едерсон: Сонував да играм во Премиер лигата!

Голманот на Бенфика, Едерсон Морален денес и официјално беше претставен како ново засилување на Манчестер Сити во трансфер вреден 40 милиони евра.

Бразилецот во Бенфика пристигна во март 2016 година и веднаш се истакна со одлични перформанци, па оваа сезона ја освои дуплата круна во Португалија.

„Ми се допаѓа се во врска со Манчестер Сити кој константно расте под водство на Пеп Гвардиола. Тој спрема млад тим за во иднина и тоа одигра клучна улога во донесувањето на мојата одлука. Од секогаш сонував да играм во Премиер лигата и тој сон сега ќе стане стварност“, истакна Едерсон.

„Сити има исклучително силен тим. Следната сезона ќе се фокусираме на освојување трофеи и се надевам дека ќе имаме одлична сезона“, додаде бразилскиот голман.

Едерсон е второто засилување кое го официјализираа „граѓаните“ за следната сезона, откако од Монако пристугна Бернардо Силва за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…