Раководството на Манчестер Сити планира да го наградат Родри за неговите одлични игри во последните сезони со нов договор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој е фудбалерот кој е меѓу најзаслужните за успесите на Манчестер сити во изминатиов период, па интерес за него покажа и Реал Мадрид.
Шпанецот е во пикот на својата кариера, има 28 години и е еден од кандидатите за Златната топка оваа година.
Сити сака да го задржи и ќе му понуди нов, многу побогат договор. Според него, платата на Родри ќе биде двојно зголемена, а таа во моментов изнесува 258 илјади евра неделно.