Матеу Лахоз ја доби довербата да го суди големото Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според шпанските медиуми Лахоз бил избран да го диригира големото дерби поради големото искуство од судење на големи натпревари.
Тој веќе има судено на четири Класика во кои двата клуба запишаа по две победи. Едниот меч му е во Суперкупот на Шпанија од 2012 година, а другиот финалето од Купот и двата завршија со победа на Реал Мадрид.
Останатите две Класика му се во Примера, едното од 2015 година, а другото минатата сезона, а на двете победи Барселона.