Дома Фудбал Италија Сите веќе ја видоа топката во мрежата: Чудесна одбрана во Серија А! (ВИДЕО)

Сите веќе ја видоа топката во мрежата: Чудесна одбрана во Серија А! (ВИДЕО)

Eмполи денес ја совлада Фиорентина со 1:0 на стадионот „Карло Кастелани“ и така остана во игра за опстанок во друштво на најдобрите.

Диего Фариас го постигна голот вреден три бода за Емполи, но на крајот ако овој клуб избори опстанок ќе мора да се заблагодари и на голманот Бартоломеј Драговски.

Младиот 21 годишен полски голман имаше навистина една неверојатна одбрана. Веројатно сите ја видоа топката во неговата мрежа, меѓутоа тој со неверојатен рефлекс откако претходно веќе беше во воздух го промени движењето на раката и го одбрани ударот.

Дефинитивно ова е една од најдобрите одбрани оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…