Во секој преоден рок шпанските па и европските медиуми го преселуваат од Реал Мадрид, интересот секако го има, но тој и понатаму е дел од „кралевите“.
Станува збор за Хрватот од средниот ред на Реал, Матео Ковачиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ковачиќ покрај Касемиро, Лука Модриќ и Тони Крос не може да се избори за поголема минутажа и во главно натпреварите ги започнува од клупата за резерви, па тоа е причината медиумите да пишуваат за негово заминување.
Јасно е интерес постои. Овој преоден рок го посакуваа гиганти како Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус и Тотенхем, но Ковачиќ и по завршувањето на јануари се уште е играч на Реал.
Во денешното издание на „АС“ јасно се наведува: „Ковачиќ не е на продажба, барем таква е ситуацијата во клубот во овој момент“.
Според еден од најголемите шпански медиуми во Реал очекуваат Ковачиќ да се врати во форма по тешката повреда на стартот од сезоната и после Светското првенство во новата сезона да биде еден од лидерите во новиот проект на актуелниот шпански и европски шампион.