Дома Фудбал Останато Сисе: И денес жалам за тоа што му го направив на Зидан

Сисе: И денес жалам за тоа што му го направив на Зидан

Џибрил Сисе има 37 години, но и понатаму и не е официјално пензиониран и чека нова прилика да ја продолжи кариерата.

Сега Сисе во интервју за францускиот „Л’Eкип“ откри интересни детали од минатото. Поранешниот напаѓач на Оксер, Ливерпул и Марсеј во еден период беше и францускиот репрезентативец. Сисе откри дека во 2004 година кога направи трансфер во Ливерпул одбил понуда за која жали и денес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можев да направам трансфер во Барселона и Реал Мадрид. Се запознав со Рајкард кој тогаш беше најдобар тренер, меѓутоа тогаш тие го купија Самуел Ето. На еден репрезентативен собир Зидан дојде и отворено ми кажа дека Реал сака да ме доведе. Меѓутоа јас веќе му дадов збор на Ливерпул и за мене тој збор е поважен од било каков документ. Но, тоа што го одбив Зизу и го направив тажен ми го скрши срцето. Зидан беше најдобриот играч кој сум го видел. Со еден или два потези правеше чуда“, откри Сисе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…