На словенскиот шампион не му лежат англиските екипи. Во сезоната 2014/15 Марибор беше тешко поразен на „Стемфорд Бриџ“ од Челзи со 6:0, и ова беше рекорден пораз во ова натпреварување.
Три години по овој дебакл, Марибот по трети пат избори група во ЛШ и го „поправија“ несреќниот рекорд на клубот. Овој пат со 7:0 ги совлада Ливерпул, а понижувањето е повисоко, бидејќи тоа се случи на нивниот стадион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тие исто така ја изедначија најголемата катастрофа како домаќин во ЛШ, 2010. Марсеј против Жилина славеше со 7:0, а со истиот резултат Шахтјор го наполни БАТЕ Борисов во 2014.
Инаку, најголемите победи во ЛШ по групи се оние на Реал против Малме (2015) и на Ливерпул во натпреварот против Бешиташ (2007) со 8:0, но тие се на домашен терен.