Дома Останати Ракомет Синот на Сарачевиќ: На интернет дознав дека татко ми починал

Синот на Сарачевиќ: На интернет дознав дека татко ми починал

Во само една недела спортскиот свет е погоден од две ракометни трагедии, минатиот викенд почина Златко Сарачевиќ една од најголемите ракометни легенди на овие простори, а денес престана да чука срцето на голманот на Порто Алфредо Кинтана.

Синот на Сарачевиќ, 15 годишниот Ноел собра сили да зборува пред медиумите за големата трагедија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Воопшто не знаев што се случва. Почнав да добивам пораки на сочувство, тогаш отворив интернет да проверам и бев во шок кога дознав дека татко ми починал. Дојде сосема неочекувано, се уште не можам да поверувам дека го нема“.

„Татко ми живееше во Хрватска, а јас во Унгарија. Пред да се случи пандемијата секој одмор го поминував кај него. Кога почнаа мерките и карантините ретко се гледавме, но на секои два-три дена разговаравме на телефон“, изјави Ноел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…