Синот на тренерот на Јувентус, Андреа Пирло на својот профил на социјалните мрежи се пожали дека секојдневно добива сериозни закани по неговиот живот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веројатно незадоволните фанови на Јувентус испраќаат заканувачки пораки, а освен тоа им се посакува и смрт.
„Прашувам како вие би се чувствувале доколку се ставите на мое место. Не сум некој кој им суди на другите, меѓутоа во се мора да има граница. Тие што ми испраќаат закани, пцовки и ми посакуваат да умрам дефинитивно ја преминаа границата и верувам има некој што може да превземе нешто“, порача синот на Пирло.