Дома Останати Тенис Синер со емотивна посвета: Оваа титула е за мојата болна тетка

Синер со емотивна посвета: Оваа титула е за мојата болна тетка

Италијанецот Јаник Синер со доминантна игра во финалето го победи Тејлор Фриц и стигна до трофејот на УС Опен со што стигна до втората грен-слем титула сезонава.

По мечот во финалето, Синер во обраќањето откри дека трофејот сака да го посвети на неговата болна тетка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Му честитам на Фриц, знам колку многу напор вложи за да стигне до овој подвиг. Сигурен сум дека ќе има уште многу вакви мечеви. Титулата навистина ми значи многу, минав низ тежок период. Сакам да ја посветам на мојата болна тетка, среќен сум што можам да споделам ваков прекрасен момент со неа. Ако постои најголема желба, тоа е здравје за сите“, изјави Синер.

За Синер ова беше втор голем трофеј оваа година со што се одлепи на врвот на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Во кратки црти – и не премногу, освен што жрепката на Ролан Гарос ќе биде „полесна“ за еде…