Во овој момент Италијанецот, Јаник Синер е втор најдобар тенисер во светот. Од почетокот на годината Синер играше во фантастична форма, па започнаа и споредбите со Новак Ѓоковиќ.
Сепак тој е искрен и истакна дека не може да се споредува со српскиот тенисер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никој не смее да го отпише Ѓоковиќ. Кога имав 14-15 години добив можност да го гледам на тренинг во Мадрид. Тоа беше неверојатен интезитет, најлудо од се што е и што денеска тренира со истиот капацитет како и тогаш. Токму затоа е толку долго на врвот.
„Не размислувам кога би можел да дојдам до првото место, ако победувам тоа ќе си дојде автоматски. Ѓоковиќ е уникат и ве молам немојте да ме споредувате. Имаме различни стилови и сигурно дека е еден од најдобрите на сите времиња“, порача Синер.
Ѓоковиќ зад себе веќе има 421 недела на АТП листата, а Синер зад него заостанува скоро 1.300 бодови.