Дома Фудбал Симеоне: Ја искористија единствената наша грешка

Симеоне: Ја искористија единствената наша грешка

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази задоволство од играта на својот тим против Манчестер Јунајтед и истакна дека се е отворено пред реваншот.

Според аргентинскиот стратег, Атлетико може да жали што нема да патува со предност на „Олд Трафорд“.

„Тие ја искористија единствената грешка што ја направивме во еден многу добар натпревар. Реинилдо се обиде да ја земе топката наместо да го заштити играчот. Сепак, задоволен сум, нашата игра беше на многу високо ниво“.

„Со овој резултат реваншот останува отворен. Се чини дека предноста е на страната на Манчестер Јунајтед, но во пракса ништо не се промени и тргнуваме од почеток“, изјави Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…