Дома Фудбал Симеоне пред големото дерби: Ова им се случува на сите талентирани играчи …

Симеоне пред големото дерби: Ова им се случува на сите талентирани играчи …

„Неговата форма е одлична. Тој е најважниот офанзивен играч кој го имаме, играч со најдобро избалансирани квалитет“,истакна Симеоне.

Фудбалерите на Атлетико играат денес на свој терен против големиот градски ривал Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гризман оваа сезона постигна само два погодоци во првенството, а вкупно три во сите натпреварувања, а на постигна погодок од септември, во последните седум меча.

Тренерот на Атлетико и покрај тоа е убеден дека неговите фудбалери ќе се борат за шампионската титула оваа сезона.

„На екипата и оди добро во домашното првенство, дури иако не видовме најдобро од Гризман“, додаде Аргентинецот.

Симеоне истакна дека е нормално што Гризман е во центарот на вниманието со критиките, бидејќи е најголемата ѕвезда во клубот.

„Тоа се случи и со Фалкао, Коста, Рибасо, Торес… Таквите ситуации им се случувале на талентираните играчи, бидејќи за нив сите зборуваме“, вели Симеоне.

По 11 кола одигра во Примера, Атлетико се наоѓа на четвртата позиција со 23 бода, колку што има и третопласираниот Реал. Прва е Барселона со 31 бод, а Валенсија е на втората позиција со 27 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …