Дома Топ вести Симеоне има посебен рецепт за „кралевите“: Вакво нешто не му успеало на никој седум децении

Симеоне има посебен рецепт за „кралевите“: Вакво нешто не му успеало на никој седум децении

Градските ривали Реал и Атлетико вчера одиграа натпревар без голови и двата голмани (Куртоа и Облак) беа на висина на задачата, но овој бод беше историски момент за стратегот на „јорганџиите“, Диего Симеоне.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Симеоне со својата цврста игра во одрбанта веќе шест натпревари во низа освојува бод или бодови на „Сантиаго Бернабеу“, а такво нешто не му успеало на никој во последните седум децении!

Од неофицијалниот „завод за статистика“ објавија дека Атлетико е првиот тим после Валенсија која како гостин на Бернабеу останала непоразена шест натпревари во низа. Колку подвигот на Аргентинецот е голем зборува и тоа што до ваков скор Валенсија стигнала во периодот од 1942 до 1949 година.

Аргентинецот го води Атлетико веќе седум години и очигледно има посебен „рецепт“ за лутиот градски ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…