Дома Останати Ракомет Силва ја одведе Португалија во Токио па ја покажа тетоважата посветена на Кинтана

Силва ја одведе Португалија во Токио па ја покажа тетоважата посветена на Кинтана

Вчера во супер драматична завршница Португалија ја победи Франција и се пласираше на Олимписките игри во Токио.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голот во последните моменти од натпреварот беше дело на Руи Силва. Португалскиот национален тим овој триумф го посвети на Алфредо Кинтана кој неодамна почина од срцев удар. Силва беше посебно погоден од трагедијата па на својата рака го истетовира ликот на неговиот голем пријател.

„Трчаше со мене, шутираше со мене и постигна гол за мене. Одиме во Токио заедно и ќе продолжиме да пишуваме историја. Денес и секогаш ќе биде за тебе“, напиша Силва на неговиот Инстаграм профил поставувајќи фотографија од тетоважата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…