Компанијата Mozzart, како партнер на боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија обезбедува силна поддршка за рзвојот на овој спорт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лидерот во приредување игри на среќа, застана позади организацијата на 36-тото државно првенство во боди билдинг и фитнес кое се одржа во Скопје.
Ова првенство е квалификации за избор на национална репрезентација која ќе настапи на Светското и Медитеранското провенство, кои годинава ќе се одржуваат во Шпанија и Малта.
„Голема Благодарност до нашите повеќе годишни подржувачи и помагатели, Mozzart, без чија помош не би имале волку успешна организација на настаните и би преставувало потешкотија за нашата федерација”, изјави Бобан Гороски, Претседател на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија.
Во голема и силна конкуренција годинава најдобри беа, Ѓеорги Ѓеоргиевски, Ева Илиевска и Миа Тодоровска кај јуниорите, Владе Станковски кај ветераните, Борче Трпковски во Бодибилдинг Класик, Катерина Попева, Мери Акиевска и Ева Илиевска кај сениорските женски категории и Васко Мамучевски како апсолутен победник кај сениорите, бодибилдинг.
„Нашата компанија секогаш застанува позади вакви големи спортски настани. Нам ни преставува задоволство што со Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија ја продолжуваме успешната соработка веќе неколку години по ред и даваме поддршка на натпреварувачите”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Лидерот во приредување игри на среќа досега помогна во организација на бројни натпревари од областа на боди билдинг и фитнес, а поддршката и во иднина ќе продолжи да стигнува до шампионите, кои си големи напори својата физичка форма ја одржуваат до совршенство.