Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош откри дека судијата Дани Макели им се извинил откако ја погледнал сликата како топката ја минала гол линијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Србија и Португалија одиграа возбудлив меч без победник (2:2), но на Португалија не и беше признат чист гол откако топката со цел обем ја помина гол линијата во 93-та минута.
Во квалфикациите за СП нема ВАР технологија, а после мечот судијата ја увидел грешката и им се извинил на Португалците.
„Судијата Дени Мекели ни се извини по натпреварот. Рече дека му е непријатно. Бев во соблекувалната заедно со него и се извини. На теренот кога заврши натпреварот рече дека ќе ги види снимките, и ако е гол ќе се јави да се извини. Така и беше. Се јави и се извини“, изјави Сантош.