Дома Топ вести Потврдено: Барселона и ПСЖ отвориле преговори за Нејмар!

Потврдено: Барселона и ПСЖ отвориле преговори за Нејмар!

Бразилскиот фудбалер Нејмар крена голема прашина откако вчеран е се појави на припремите на ПСЖ со што дополнително ги засили најавите дека може да го напушти францускиот тим.

Нејмар веќе некое време се поврзува со враќање во Барселона и наводно веќе на сите им кажал дека сака да си замине од ПСЖ бидејќи ја сфатил грешката која ја направил кога пред две години одлучи да ја напушти Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека тука навистина има нешто стана јасно кога вчера не се појави на припремите, а луѓето во ПСЖ најавија казна поради таквиот потег на Бразилецот.

Меѓутоа сега за прв пат некој од ПСЖ призна дека навистина постојат контакти со Барселона и дека воопшто не е невозможно Нејмар да се врати на „Камп Ноу“.

„Официјална понуда за Нејмар немало, но морам да признаам дека имавме контакти со еден шпански тим, а тоа е Барселона. Нејмар на сите им стави до знаење дека сака да си замине од клубот. Сепак, во фудбалот денес кажувате едно, а утре испаѓа друго и ќе видиме што ќе се случи“.

„Не се појави на припремите и навистина мораше да биде тука. Тоа добро го знаеше, но не се појави. Ќе биде сигурно казнет. Да, разговарав со него, но нема сега јавно да изнесувам детали. И на него и на неговите застапници им кажавме како стојат работите. Нејмар има три години од договорот и ако некој клуб го сака ќе мора да го исполни она што бараме. Ќе повторам официјална понуда се уште не сме добиле“, изјави Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…