Дома Останати Се што треба да знаете за УФЦ спектаклот: Како дојде до борбата која цел свет ја исчекува?

Се што треба да знаете за УФЦ спектаклот: Како дојде до борбата која цел свет ја исчекува?

Целиот свет со нетрпение ја исчекува главна борба во УФЦ 229 кога ќе се сретнат Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Ќе гори Лас Вегас поради УФЦ спектаклот, а тоа можеше да се види и на мерењто каде што малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка помеѓу борците. Мирниот Дагестанец ќе влезе во рингот со „лудиот“ Ирец! Обложувалниците му даваа мала предност на Кабиб, но никој не смее да го отпише Конор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После освојувањето на титулата шампион во лесна категорија, Конор Мекгрегор се повлече од ММА сцената и го предизвика Флојд Мејведер, непобедливиот боксер и тоа на негов тренер. УФЦ така остана без својата најголема ѕвезда.

Се жртвуваат Ронду Раузи кој ја губи титлуата со Холи Холм на најлош можен начин (со нокаут во првата рунда) и Џон Џонс кој падна на допинг тест.

За тоа време се чека вистински предизвикувач за титулата на Конор. Како решение на новонастаната ситуација со добри настапи се наметнува Тони Фергусон, бугимен, феноменален „ударач“ и човек кој не сака борење и непобедениот Дагестанец Кабиб Нурмагомедов.

Тој меч се покажа како проколнат бидејќи сите три пати кога беше закажуван – пропаѓаше!

Последниот, трет пат Тони Фергусон ја повреди ногата, Кабиб така доби нов противник. Искусниот Ала Џакинта кого го победи после пет рунди и така си загарантира меч со Конор, ако овој некогаш се врати во октагон.

И тоа конечно се случи!

Да погледнеме како Нурмагомедов воопшто дојде до местото предизвикувач, а подоцна и шампион.

КАБИБ НУРМАГОМЕДОВ (26:0)

Дагестанецот дојде во УФЦ со резултат 17:0 од регионалните натпреварување и со својот стил на сите им стави до знаење дека поседува исклучителен талент. Таков спој на борење, џудо и џиу џитсу досега во октагон не е виден, уште потмомогнат од неговите неверојатни физички атрибути изгледа практично несовладлива препрека за секој борец кој ќе се најде на другата страна.

Уште како мал беше предодреден да стане неприкосновен борец. Како дете имаше тренинзи со мечки и се бореше со нив!

Резултатот 26:0 е незамислив во УФЦ и колку и Конор Мекгрегор да бил импресивен, да се биде непобеден во најсилната ММА организација е огромен успех.

Листата на борци која Кабиб ја помина за да се сретне со Мекгрегор е прилично сериозна: Карл Шалорус, Глесон Тибау, Тиаго Таварес, Абел Трухилјо, Пет Хили, Рафаел Дос Ањос, Дареал Хорчер, Мајкл Џонсон, Едсон Барбоса и Ал Џакинта.

Девет победи. Девет борби без изгубена рунда! Против одлични натпреварувачки од светска класа во ММА организацијата!

Кабиб е совршен борец во партер. Човек кој може да ве повлече на земја и да не остави никакви шанси да се вратите во борбата. Борец кој може да ги остави без здив своите противници. Камал Шалорус беше најава на она што следи, како и кај Мекгрегор, никој не веруваше дека Дагестанецот може да победи секогаш кога ќе влезе во рингот. Но еден по друг сите паѓаа пред мајсторот.

Глејсон Тибау до денес остана најголемиот предизвик за Нурмагомедов успевајќи да ги издржи налетите, но не и да се одбрани. Изгледаше како да не гледаме многу во таа борба, меѓутоа повеќе од она што се случуваше беше на страната на Кабиб.

https://youtu.be/5KiIwl_hGaI

Следуваа победи над Таварез, Трухилјо и Хили кои иако беа импресивни не привлекуваа преголемо внимание. Меѓутоа победата над Дос Ањос беше исклучителна затоа што тоа беше единствениот пораз на Бразилецот во низата од шест меча во кои изгледаше незапирливо.

Потоа Кабиб закажува меч со Фергусон за местото предизвикувач на титулата. За жал, тешко се повредува и мораше да се повлече на скоро две години.

Мечот повторно се закажува во 2016 година, меѓутоа повторно се откажува, овој пат поради Фергусон и Кабиб се бори со Дарчел Хорчер, новајлијата во УФЦ, но искусен регионален борец и го демолира во рок од две рунди.

Во овој меч Хорчер успева да го погоди неколку пати Нурмагомедов и изгледаше дека сепак е можно да се повреди Дагестанецот.

https://youtu.be/y99mVdUYoqg

Тоа сомневање ќе биде отфрлено веќе во следниот меч. Имено, Кабиб закажува борба со Мајкл Џонсон, опасниот „ударач“ кој во првата рунда наизглед успева да го повреди, меѓутоа Кабиб брзо го соборува и како вообичаено, толку го соборува што Џонсон крвав и уморен мора да го предаде мечот.

После Џонсон следи уште еден опасен удар во ликот на Едсон Барбоза, Бразилецот важи за одличен техничар, но Нурмагомедов целосно го неутрализира и победува со леснотија.

https://youtu.be/i9dnvMw4mno

Во тие моменти титулата за Дагестанецот станува реалност и само прашање е со кој борец ќе се соочи (а тоа да не е Мекгрегор кој закажа борба со Мејведер). Тони Фергусон се јавува како првото решение, меѓутоа тој се повредува по втор и борбата е трет пат откажана. На местото на Фергусон доаѓа Ал Џакинта, искусниот борец кој освен храброста немаше што многу да покаже.

Кабиб доаѓа до престолот во отсуство на Конор. Тоа секако Мекгрегор не може да го поднесе и закажува борба која ќе покаже кој од нив двајца е вистинскиот шампион во лесна категорија во УФЦ.

Најавата за борбата е видена во текот на УФЦ 223 кога дојде до судир помеѓу двата борци во ходниците на Бруклин центарот каде што се одржуваше ММА спекткалот. Имено, тогаш Конор дивееше и го бркаше Дагестанецот и неговиот тим. Во тие моменти го скрши стаклото на автобусот и повреди неколку борци.

Поради тоа што Мекгрегор беше уапсен и изведен пред суд, подоцна се дознава што е причината за неговото дивеење. Тој сакал да му се одмазди на Нурмагомедов кој непосредно пред тој момент имал судир со еден од неговите пријател, Артем Лобов кој е член на тимот на Мекгрегор.

Тогаш сепак не дојде до судир помеѓу Конор и Мекгрегор, но ривалството и омразата остана и можеше да се забалежи на конфренциите, за на крајот на кулминира на вчерашното мерење.

Мекгрегор порача „кралот се врати“ додека Нурмагомедов му возврати „ќе те скршам како мало дете“.

Нема соменвање дека не чека најголемата ММА борба во псоледните неколку години и еден од најисчекуваните спектакли во историјата на овој спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…