Продолжува спонзорската војна во европскиот фудбал.
Фудбалот од поодамна стана бизнис, па покрај битките на теренот се водат големи и надвор од него. Сериозна „војна“ се води и помеѓу гигантите на производство на спортска опрема, а пред сите тука се американскиот„Најк“ и германскиот „Адидас“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само еден ден откако се појави информацијата дека „Најк“ сака да потпише спонзорски договор со Ливерпул со што би го соборил рекордот во Премиер лигата (867.000.000 за 10 години) кој во овој момент го држат „Адидас“ и Манчестер Јунајтед, германскиот гигант возвраќа, но на друг фронт.
Во Примера каде што уште од ноември траат преговорите за продолжување на соработката со Реал Мадрид. Според важечкиот договор „кралевите“ покрај комплетната оперма, добиваат и околу 50 милиони евра годишно, што сепак не е многу за трикратен европски шампион. Барселона од „Најк“ добива дури 155 милиони по сезона, што изгледа ќе остане рекорд.
Според информациие на мадритски „АС“, „Адидас“ за уште 10 години соработка со Реал нуди една милијарда евра, но оваа сума би можела да биде и поголема затоа што преговорите за технички спонзор се во тек.
Како што пишува „АС“ договорот помеѓу гигантот од Мадрид и светската компанија би требало да биде постигнат најмногу во наредните два до три месеци.