Се чини дека сагата за евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид се уште не е завршена, а доказ за тоа се најновите информации на „Марка“.
Еминентниот мадридски весник тврди дека „кралскиот“ клуб до крајот на преодниот рок е спремен да понуди 300 милиони евра за Нејмар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ моментално има проблем, кој Реал Мадрид сака да го искористи. Станува збор за новите финансиски истражувања од страна на УЕФА, кои би можеле да го принудат францускиот клуб да го продаде Нејмар за да заработи 300 милиони евра и со тоа да избегнат евентуална казна.
Како што пренесува „Марка“ одлуката на УЕФА за случајот ПСЖ треба да биде донесена многу брзо, па двата клуба ќе имаат време да го завршат евентуалниот трансфер, со оглед на фактот дека останаа уште седум дека до затворењето на преодниот рок.
Дали на крајот Нејмар ќе заврши во Реал Мадрид… останува да видиме!