Се уште не е полнолетен, а веќе собори многу рекорди, па пред него со сигурност е голема кариера.
Станува збор за фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, кој во дресот на Каталонците, но и шпанската репрезентација прикажува одлични игри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека во Барселона ќе направат се да не го загубат, пронајдоа начин да му постават откупна клазула.
Имено, тој и официјално е првотимец на Барселона, а со самото тоа автоматски му е поставена и откупна клазула, и тоа не било каква.
Секој клуб кој сака да го донесе ќе мора да плати неверојатни 400 милиони евра, што нормално е огромна сума за било кој клуб.
Во меѓувреме, неговиот агент започна преговори со Барселона за подобра плата на младата ѕвезда, која реално ја заслужува.